Швајцарската тенисерка Мартина Хингис на Вимблдон 2015 синоќа ја освои титулата во мешани двојки, а два дена претходно победи и во женски парови.
Хингис во финалето на мешани двојки во пар со Леандер Паес од Индија беа подобри од Александер Паја/Тимеа Бабош со 2-0, по сетови 6:1 и 6:1.
Финалето се одигра на на Централниот терен на Вимблдон и траеше само 40 минути.
Швајцарката и во женскиот дубл имаше партнер од Индија, тоа беше Саниа Мирза со која Хингис стигна до трофеј на Вимблдон по пауза од 18 година.