Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон ја постигна втората победа сезонава во Формула 1 откако триумфираше на трката за Големата награда на Кина на патеката во Шангај.
Второто место му припадна на неговиот клупски колега Нико Розберг, а место на подиумот избори и возачот на Ферари, Себастијан Фетел.
Вториот возач на Ферари, Кими Раиконен го освои четвртото место, додека двата болида на Вилијамс со Фелипе Маса и Валтери Ботас се пласираа на 5-то и 6-то место.
За Хамилтон ова е 35-та победа во кариерата, а се наоѓа на првото место во генералниот пласман со 68 бодови. Втор е Фетел со 55, а Розберг е на третата позиција со 30 бодови, колку што има и Маса.
Во пласманот за конструктори Мерцедес е прв со 119 бодови, пред Ферари со 79, а Вилијамс има 48.
Следната трка се вози на 19 април за Големата награда на Бахреин.