Втора победа во една недела на Работнички над Турново

Од:

Актуелниот шампион Работнички по вторпат за само седум дена го совлада Хоризонт Турново, овој пат во рамки на Првата македонска фудбалска лига со 2:0. Со денешниот натпревар одигран на „Филип Втори“ во Скопје почна третиот круг од првенството.

Победата на „романтичарите“ им ја донесоа Марјан Алтипармакоски со гол во првиот дел и Баже Илијоски, кој реализира пенал на почетокот од второто полувреме.

За тимот од Градски парк ова беше 13. сезонска победа по што останува во чекор со лидерот Вардар во трка за највисокото место на табелата.

Поради лошото време и силните врнежи од дожд и снег другите натпревари од оваа рунда во ПМФЛ се презакажани за вторник и среда.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска