Втор дел од финалето на купот на Македонија

Од:

На арената „Филип Втори’’ во Скопје, втора „епизода„ од финалниот натпревар од фудбалскиот Куп на Македонија.

Откако во средата поради националистичко навивање, натпреварот меѓу Шкендија и Тетекс беше прекинат, а Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да нема присуство на навивачи, тетовските рували за куп тофејот ќе играат пред празни трибини.

Екипата на Тетекс ќе го игра второто клубско финале, а воедно ќе се обиде и по втор пат да го освои трофејот на ФФМ, откако „текстилците“ во финалето пред три години со 2:1 го совладаа Работнички.

И за Шкендија ова ќе биде второ финале, по она во сезоната 2006-2007 кога беше поразена од Македонија Ѓорче Петров.

Во досегашните 20 финални натпревари најуспешен беше тимот на Вардар кој освои 5 титули.
Почетокот на натпреварот меѓу Тетекс и Шкендија е во 20 часот.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска