Кике Сетиен неславно го започна мандатот на клупата на Виљареал. Поранешниот тренер на Барселона и Бетис, забележа два порази со „жолтата подморница“.
Виљареал не очекувано остана без тренер, кога Унаи Емери, реши да ја прифати понудата на Астон Вила. Англискиот клуб за да го донесе Емери плати оштета од 6.000.000 евра.
Виљареал, во недостиг на вистински решенија се реши за Сетиен, кој беше без работа речиси две години откако доби отказ од Барселона.
Сетиен го чека многу работа, играчите се жалат дека не можат да ги разберат неговите замисли. По поразот од Мајорка, на домашен терен, искусните Раул Албиол и Алберто Морено, јавно кажаа дека потребно е време тие да разберат што од нив бара тренерот. Медиумите пишуваат дека некои играчи не биле задоволни од одлуката Сетиен да биде назначен за тренер.
Поради тоа Сетиен решил да го реши проблемот со нив. По завршувањето на претпладневниот тренинг, тој три часа бил сам со фудбалерите во соблекувалната, бил лут што такви работи му зборуваат зад грб. Шпанските медиуми објавија дека имало вербални пресметки и остри зборови од двете страни, но на крајот сите мирно го напуштиле тренинг центарот.
Извор: Тоспорт