Виљареал нуди 16 милиони евра за Митровиќ

Од:

Најдобриот српски стрелец на сите времиња Александар Митровиќ е пред трансфер од Англија во Шпанија, откако интерес за 27-годишниот фудбалер пројави екипата на Виљареал.

Шпанските медиуми наведуваат дека за трансфер на Митровиќ лично инсистира тренерот на Виљареал, Унај Емери, и клубот е подготвен да му плати на Фулам отштета од 16 милиони евра.

Митровиќ, кој е прв стрелец во англискиот Чемпионшип сезонава со 27 голови, претходно овој месец ја однесе Србија на Мундијалот 2022 во Катар, со погодокот во судиското продолжение во триумфот над Португалија (2-1) во Лисабон.

Би можело да ве интересира

Врие во Виљареал – Новиот тренер три часа се расправал со фудбалерите

Навивачите ги навредуваа фудбалерите на Атлетико, Ермосо втрча на трибините да се пресмета со нив

Горан Наумовски

Кавани се договорил со Виљареал

Да не беше Виљареал, само англиски клубови ќе играа во европските финалиња годинава

Жарко Настоски

Емери може да го предводи Виљареал