Враќањето на Премиер лигата може да биде одложено

Од:

Продолжувањето на англиската Премиер лига можеби нема да се случи на датумот за кој се дискутираше досега, односно 12 јуни.

Ричард Мастерс, извршниот директор на првенството ја призна оваа можност.

Денес, клубовите во англиската елита одржаа уште една средба, на која беше решено од утре тимовите да започнат со тренинзи во групи, но без контакт.

– Се фокусиравме на 12 јуни, но без да се посветиме на тој датум. Ние не го сменивме датумот за стартирање, но треба да бидеме флексибилни во овој поглед. Она што не сакаме да се случи е постојано да го придвижуваме датумот. Но, мора да сме флексибилни и да прифаќаме дека ова е процес на чекор-по-чекор, рече Мастерс.

Забелешките на директорот се случија откако многу играчи изразија загриженост за почетокот на првенството, бидејќи тие рекоа дека не е обезбедена потребната безбедност во оваа фаза.

– Следната недела ќе разговараме за протоколите за тренинзи со контакти. Откако ќе започнат ваквите активности, ќе имаме разговор со клубовите за тоа колку време е потребно за да се подготват физички пред да започнат да играат. Тогаш ќе бидеме во позиција во која ќе можеме да потврдиме кога ќе започне сезоната, додаде тој.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска