Возобновено традиционалното септемвриско искачување на Руен

Од:

Околу 120 планинари од Крива Паланка, Струмица, Скопје, Пробиштип, Куманово и Софија, Република Бугарија денеска се искачија на нјвисокиот врв на Осоговските Планини, Руен.

Планинарската акција ја организираше Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“ од Крива Паланка.

Претседателот на здружението Денис Ангеловски информира дека искачувањето претставува возобновување на 35-годишната традиција за искачување на Руен во вториот викенд од месец септември која беше прекината во изминатите три години.

– Целта на оваа акција е да ја вратиме запоставената повеќедецениска традиција на искачување на Руен во овој период од годината, која е запоставена изминатите неколку години и е со измесетен датум. На Руен денес се искачија околу 120 планинари, ентузијасти од речиси сите краеви на земјава, а особена чест е  што на акцијата се одзваа и неколку планинарски друштва од соседна Бугарија, изјави Ангеловски.

Тој додаде дека иако „Калин Камен“ е релативно младо здружение, радува фактот што се поголем број љубители на планината и авантурите се приклучуваат кон него.

– За неполна година успеавме да екипираме одличен тим планинари. Здружението веќе брои над шеесет активни планинари, а со секоја нова акција доаѓаат нови членови, рече Ангеловски.

Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“ од Крива Паланка со свои членови изминатата недела учествуваше на искачувањето на највисокиот врв во Македонија Голем Кораб, а недела претходно се искачија и на највисокиот врв на Балканот, Мусала.

Би можело да ве интересира

Планинар преживеа пад од височина од 600 метри

Предраг Петровиќ

Да се допрат снеговите на Килиманџаро

Ана Ололовска

Стотина Планинари денес се искачија на Царев Врв на Осоговските Планини

Ана Ололовска

Младиот планинар Ване Бошев од Неготино по втор пат го искачи врвот Мали Томор во Албанија, во услови на невреме

Ана Ололовска

Почнува првиот „Плетвар аутдор фестивал“

Ана Ололовска

Планинска тура на Шар Планина под мотото „Испоти се во природа“

Ана Ололовска