Вокер на мета на медиумите: Ме вознемируваат мене и моето семејство

Од:

Фудбалерот на Манчестер Сити, Кајл Вокер, денеска се пожали дека британските таблоиди го „малтретирале“, откако било објавено дека тој повторно ги прекршил правилата за социјално дистанцирање, наметнати поради пандемијата од коронавирусот.

Имено, Вокер најпрво беше на мета на печатот откако организираше забава во неговиот дом, за што се извини. Британски „Сан“ сега објави дека ги прекршил мерките наметнати поради пандемијата трипати во рок од 24 часа со посета на членовите на своето семејство, а потоа отишол да вози велосипед со своја пријателка.

Вокер на својот профил на Твитер објави долга изјава во која наведува дека чувствува дека постојано е следен.

– Неодамна поминав низ еден од најтешките периоди во мојот живот, за кој преземам целосна одговорност. Сепак, сега чувствувам дека сум злоупотребуван. Ова повеќе не влијае само на мене, туку и на здравјето на моето семејство и на моите мали деца, напиша Вокер.

Дефанзивецот потврди дека го посетил родниот Шефилд во средата за да му подари подарок за роденденот на својата сестра и да ја гушне, и дека потоа ги посетил своите родители за да „земе зготвена храна“.

– Жално е, имам чувство дека мојот живот се следи без никаков контекст. Јас разбирам дека луѓето се вознемирени или лути на мене, но важно е луѓето подобро да го разберат мојот живот, напиша Вокер.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска