Водечката во Светската маратонска серија позитивна на допинг

Од:

Кениската маратонка Рита Џепто беше позитивна на допинг тестирањето и на Б примерокот, потврди Кениската атлетска федерација.

Второто тестирање направено во лабораторијата во Светската антидопинг агенција во Лозана потврдило дека Џепто користела недозволено стимулативно средство за остварување подобри резултати.

Кенијката беше позитивна и на тестирањето на А примерокот направено на 25 септември кога беа откриени траги на ериторопоетин (ЕПО).

33-годишната Џепто е водечка во Светската маратонска серија.

Поради допингувањето, Џепто во ноември не ја доби наградата од Светските маратонски здруженија (ВММ).

Во последните пет години 32 атлетичари од Кенија од страна на националната федерација се суспендирани поради допинг.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди