Откако Комисијата за лиценцирање при Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) даде „зелено светло“, закажана е жрепката за новата сезона 2017/2018 во Првата, како и двете втори лиги од фудбалскиот шампионат на Македонија.
Жрепката ќе се одржи во вторник (25 јули) со почеток во 12:30 часот, по што ќе се знае распоредот за претстојната сезона, како и двојките за првото коло во Купот на Македонија, кое треба да се одигра на 16 август.
Стартот на сезоната во Првата лига е закажан за 13 август, а двете втори лиги, Западната и Источната, ќе стартуваат на 26 август.