Во Охрид викендов празничниот Меѓународен атлетски маратон и ревијален ватерполо турнир

Од:

Околу 150 натпреварувачи досега пријавиле учество на традиционалниот меѓународен Охридски атлетски маратон што традиционално се одржува на 8 септември – Денот на независноста на Република Македонија.

Стартот на трката долга 30 километри е предвиден за утре во 9 часот од кај караулата во Свети Наум, додека првите маратонци на целта на Кејот на Охридското Езеро во Охрид ќе пристигнат некаде 1:40 часа подоцна.

Охридскиот атлетски маратон е еден од потешките поради специфичната конфигурација на теренот, но од друга страна тој е исклучително атрактивен токму поради фактот што речиси постојано во текот на трката атлетичарите трчаат долж самиот брег на езерото.

И оваа година организаторите најавија одржување на новитетот од лани, а тоа е петкилометарската „Трка на независност“, воведена за што поголема масовноста на манифестацијата. Оваа година настанот ќе биде и директно пренесуван преку Интернет, со цел да се мотивира вклучување на што поголем број вљубеници во трчањето во настанот.

Самата манифестација беше промовирана со видео изработено со видео-спот направен на иницијатива на Живко Стојчески, еден од основачите на маратонот и воедно и најтрофеен негов учесник.

Во видеото за традицијата, тежината на оваа доста живописна патека зборуваат неколку познати атлетичари, меѓу кои Игор Јакимовски, Кокан Ајновски и Славко Симоновски – маратонецот со најмногу учества на натпреварувањето.

Покрај врвни атлетски имиња, од јавните личности и овој пат меѓу натпреварувачите ќе го видиме и министерот за финансии Драган Тевдоски.

Инаку, самиот маратон се одржува во Охрид од 1976 година, а се до 1993 година на 7 ноември – Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна. Од 2004 година наваму маратонот добива меѓународен предзнак, и со исклучок на 2011 година, се одржува секоја година.

Манифестацијата години наназад се соочуваше со потешкотии околу организирањето, но ситуација е подобрена заради поддршката што пристигна од Атлетската федерација на Република Макеоднија, од Агенцијата за млади и спорт и од Општина Охрид.

По повод празникот – Денот на назависноста на РМ, викендов во водите на Охридското Езеро кај Градското пристаниште ќе се одржи и ревијален ватерполо-турнир со хуманитарен предзнак.

На турнирот ќе учествуваат ветерани на ватерполо клубовите од Скопје, Струга и домаќиот Охрид. Настанот е своевидна атракција, но и обид да се врати традицијата на квалитетен ватерполо во водите на Охридското Езеро. Ватерполо натпреварите своевремено беа најатрактивните спортски настани во Охрид поради ривалитетот што постоеше меѓу македонските ватерполо клубови, следени од повеќеилјадна публика.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди