Во Ница забрана за истакнување странски знамиња до крајот на СП

Од:

Градоначалникот на Ница Кристијан Естрози забрани користење на странски знамиња во центарот на градот до крајот на Мундијалот во Бразил. Оваа одлука доаѓа по инцидентите во најголемите француски градови по пласманот на Алжир во осминафиналето на шампионатот.

Со забраната за користење знамиња на други земји, се очекува да се избегнат евентуални понатамошни нарушувања на јавниот ред и мир.

Француската полиција уапси 74 лица кои учествуваа во нередите минатата недела по ремито на Алжир со Русија (1:1) и историскиот пласман на африканската селекција во 1/8финалната фаза. Триесетина од приведените се во подрачјето на Париз, а останатите низ други градови во Франција.

Најголемите нереди беа во Лион. Таму се кршеа излози, се палеа автомобили, се оштетуваа јавни добра.

Алжир вечерва од 22 часот во Порто Алегре против Германија ќе се бори за четвртфинале на СП.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска