Тројца навивачи на лондонскиот фудбалски клуб Тотенхем синоќа се повредени во пабот „Кучето што пуши“ во Лион од страна на непознати лица.
Како што јавуваат француските медиуми, додека во барот седеле околу150 навивачи на Тотенхем, непознати лица се приближиле и почнале да фрлаат со железни столици од околниот бар, а кон англиските навивачи полетале и молотови коктели.
Повредените биле хоспитализирани, а повредите кај нив се од различна природа.
Олимпик Лион вечерва од 19 часот ќе му биде домаќин на Тотенхем во реванш натпревар од 1/16 финалето во Лига Европа.
На првиот дуел одигран во Лондон, Тотенхем победи со 2:1.