Во крајно неизвесен натпревар МЗТ го победи Партизан

Од:

Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром во драматичен натпревар го победи Партизан од Белград со 66:64. Ова беше дуел од 25-тото коло во регионалната кошаркарска АБА лига.

По четвртини резултатот беше 19:17, 11:14, 19:16, 17:17.

Во текот на целиот натпревар одигран во спортскиот центар „Борис Трајковски“ македонскиот шампион имаше поддршка од преку шест илјади гледачи.

Најефикасни во победата на МЗТ беа Ѓорги Чековски со 21 поен, Никола Оташевиќ, кој постигна 13 и Дамјан Стојановски, кој реализира 11 поени.

Стојановски оваа победа ја оцени како една од најдрагите во неговата кариера.

– Игравме храбро, борбено, а во моментите на криза сила ни даваа навивачите. Како награда на крај дојде победата, а секоја победа над Партизан, кое е големо кошарско име во Европа, е од посебно значење, истакна Стојановски на прес-конференцијата по натпреварот.

Задоволен од конечниот успех беше и тренерот на МЗТ Алеш Пипан.

– Најслабата точка во нашата игра тоа беше скокот. Го надоместивме со борбена и пожртвувана игра во текот на целиот натпревар. По оваа победа треба да останеме цврсто на земја и да се обидеме во последниот дуел против Крка да се избориме за шестото место доколку ни се укаже шанса, рече Пипан.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска

Црногорецот Милошевиќ го засили МЗТ Скопје Аеродром

А1он