Во Кардиф по позитивен резултат

Од:

Македонската фудбалска репрезентација денеска во 10 часот со чартер лет патува за Кардиф, каде утре ќе игра против Велс на нашиот претпоследен натпревар од квалификациите за Светското првенство во Бразил.

По оставката на Чедомир Јаневски улогата на в.д. селектор ја има Зоран Стратев под чие раководство репрезентативците одработија неколку тренизни во Скопје.

Атмосферата во селекцијата е на добро ниво и фудбалерите најавуваат борба за добри резултати. Дуелот со Велс, како и последниот со Србија што го играме во Јагодина на 15 октомври се шанса со позитивни резултати да се избегне последно место на табелата во квалификациите. Дуелот со Велс е натпревар на двете последнопласирани екипи во групата (Македонија 7 бодови, Велс 6).

Репрезентацијата во вечерните часови во Кардиф ќе одржи еден тренинг пред утрешниот дуел.

За разлика од Стратев, кој немаше проблеми, Крис Колмен, селекторот на Велс по 10-те откази поради повреди мораше дополнително да повикува нови играчи, а последни повик добија: Џејмс Колинс од Вест Хем, како и 16-годишниот играч од Ливерпул, Хари Вилсон.

Натпреварот се игра утре на Градскиот стадион во Кардиф со почеток во 20:45 часот.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска