Во Италија загина 22-годишно момче, а десетици се повредени во шампионската прослава

Од:

Едно лице загина на Сицилија за време на прославата на европската титула што италијанската фудбалска репрезентација ја освои во неделата по триумфот над Англија во Лондон, објавија денеска локалните медиуми.

Локалната полиција соопшти дека жртвата е 22-годишно момче, кое загинало во сообраќајна несреќа, брзајќи на време да стигне на прославата во гратчето Калтаџироне.

За време на шампионското славје низ улиците на Милано, повредени се најмалку 15 лица, од кои тројца потешко.

На југот на Италија, полицијата во градот Фоџа претпоставува дека платен убиец застрелал едно лице и побегнал на мотор, искористувајќи го метежот предизвикан од прославата.

Локалните медиуми известија дека во оружениот инцидент тешко е повредено шестгодишно девојче, внука на застреланиот маж, кое со тешки повреди е пренесено во болница.

Би можело да ве интересира

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години

Рим: Постара жена загина во пожар во стан, нејзината ќерка е во тешка состојба

Горан Наумовски

Питбул уби бебе во Италија – таткото го нашол детето во локва крв

А1он

Три случаи на фемицид во Италија за помалку од 48 часа

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Девојче (3) се застрела со пиштол во глава, во собата на нејзините родители

А1он