Не стивнуваат реакциите низ целиот светот за судењето на Јапонецот Јуиџи Нишимура, кој на отворањето на Мундијалот многу му помогна да домаќинот да дојде до победата над Хрватска.
Бразил вечерта во четвртокот во Сао Паоло ја победи Хрватска со 3:1, а главниот збор го имаше Нишимура, Поради тоа Јапонецот на социјалниот мрежи се најде на сликичка од „Панини“ како дел од „кариоките“.
И додека целиот свет се исмева на одлуките на Нишимура, ФИФА вчера излезе со став дека судијата оправдано досудил пенал, бидејќи имало контакт меѓу дефанзивецот на Хрватска и офанзифецот на Бразил.