Влхова триумфираше во Светскиот куп во скијање

Од:

Петра Влхова го освои денеска шестото место во трката во слалом во швајцарскиот центар Ленцерхајд, што на словачката скијачка и беше доволно за освојување на големиот кристален глобус во Светскиот куп.

Влхова, на која и беше потребен пласман до 14. место, го обезбеди кристалниот глобус на една трка до крајот на Светскиот куп, со 1.392 бодови, додека второпласираната Лара Гут Бехрами има 1.256 бодови.

За Влхова ова е прв триумф во кариерата во генералниот пласман во Светскиот куп во скијање.

Победа на денешната слаломска трка запиша Австријката Кристина Линсбергер со што го освои малиот кристален глобус во слалом.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски