Властите во Бахреин соопштија дека спречиле напади за време на трката на Формула 1, што се одржуваше во неделата.
Полицијата уапсила две лица, а кај едниот бил пронајден предавател. Во акцијата пронајдено е оружје и куршуми, како и материјали за изработување на бомби.
Околу 8.000 полицајци беа ангажирани за безбедноста на трката на Формула 1.