Влахо: Подобра реализација и дојде победата

Од:

Фудбалерите на Работнички ја остварија првата победа во новата сезона од Првата лига, совладувајќи го Шкупи со 2:0 во второто коло. На домашен терен, тимот преводен од тренерот Александар Влахо одигра квалитетен натпревар, го подобри нивото на реализација на шансите и стигна до заслужен триумф.

– Задоволен сум и од играта и од резултатот. Честитки за фудбалерите, ги исполнија во целост тактичките задачи кои ги договоривме пред дуелот со Шкупи. Победивме квалитетен тим, а значително на овој меч ја подобривме реализацијата, она што ни недостигаше на премиерата против Струга Трим Лум. Сега не очекува нова обврска, куп – натпревар против Велазерими в среда и веднаш се фокусираме на следниот предизвик. Верувам дека на следните натпревари ќе бидеме уште подобри, вели Влахо во изјава за клупската веб-страница.

Следен предизвик за „романтичарите“ е дуелот со Велазерими на гости в среда во Купот на Македонија, а потоа доаѓа градското дерби против Вардар во третото коло од шампионатот.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска