Виталиј Петров повторно во Формула 1?

Од:

Неколку Ф1 тимови искажале сериозен интерес за услугите на рускиот возач Виталиј Петров кој лани беше дел од тимот на Катерхем, но откако не му беше понуден нов договор тој беше принуден да се пресели во еден од пониските тркачки шампионати.

Сепак, во ситуација кога Русија наскоро ќе има сопствена трка во Формула 1, јасно е дека спонзорите инсистираат и на најмалку еден возач од оваа земја, па Петров во меѓувреме добил неколку интересни понуди. Според последните информации, тој е најблизу до преселба во Марусија, тим на кој главните спонзори му доаѓаат токму од Русија.

„Точно е дека имам понуда од Марусија, за која се уште размислувам. Сакам да видам каква е нивната визија за тимот, дали сакаат само да бидат дел од Ф1 или пак да се развиваат како екипа, и јас како возач со нив. Доколку не се договориме, сигурно ќе најдам заеднички јазик со некој од останатите тимови што се интересираат за моите услуги“ – изјави Петров за руските медиуми.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он