Олимпискиот шампион е обвинет дека на нелегален начин се стекнал со триумф, во последниот од низата скандали, што го тресат светскиот велосипедизам.
Казахстанецот Александер Винокуров му платил 150.000 евра на рускиот велосипедист Александер Колобнев, за да ја осигура победата на спринтот од Лиеж-Бастоњ-Лиеж, што се одржа во април 2010-та година.
Ова тврдење го објави престижниот италијански весник Кориере Дела Сера, откако швајцарскиот магазин Л’Илустра ја објави оригиналната сторија.
Италијанците објавија мејл комуникација меѓу двајцата возачи со договор и со детали за трансакцијата, а швајцарските власти ги обезбедија доказите од банката каде што бил извршен трансферот на парите.