Вимблдон трет ден: Ѓоковиќ, Вавринка, Вилијамс, Шарапова поминаа, за Ивановиќ заврши турнирот

Од:

Победите на поранешните шампионки на Вимблдон, Серена Вилијамс и Марија Шарапова, како и поразот на седмата носителка Ана Ивановиќ го одбележаа третиот ден на Грен слемот во Лондон.

Вилијамс беше поуспешна во два сета против Тимеа Бабош, Шарапова ја совлада Хогенкамп исто така во два сета, додека Ивановиќ со 2-0 загуби од Матек-Сендс која е рангирана на 158.место на ВТА листата.

Од фаворитките за трофејот денеска ќе настапат Петра Квитова, Каролине Вознијачки и Екатерина Макарова.

Во машка конкуренција првиот и четвртиот фаворит Новак Ѓоковиќ и Стен Вавринка во три сета ја минаа втората рунда. Трето коло обезбедија и Ришар Гаске, Бернард Томиќ, Григор Димитров, Џон Изнер, Ник Кириос. Четири сета за пласман во третото коло одигра Милош Раониќ, додека во пет сета до третото коло стигнаа Марин Чилиќ и Фернандо Вердаско.

Би можело да ве интересира

Надал се пласира во полуфиналето на Вимблдон

Ана Ололовска

Ривалите на Ѓоковиќ и на Федерер ги предадоа мечевите во вториот сет од првото коло на Вимблдон

Наум Локоски

Ѓорческа го заврши настапот во квалификациите на Вимблдон, елиминирана и во двојки

Наум Локоски

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на Вимблдон

Наум Локоски

Дождот пречка за годинешниот Вимблдон

Наум Локоски

ВИДЕО: Како танцуваа Новак и Серена?

Ана Ололовска