Вимблдон почна без изненадувања

Од:

На терените на Вимблдон почнаа мечевите од третиот Грен слем турнир годинава. На стартот кај мажите нема изненадувања и на четирите досега завршени мечеви фаворитите ја минаа првата пречка.

Шампионот на УС Опен Марин Чилиќ од Хрватска го победи Јапонецот Хироки Мориа со 3-0 во сетови.

Носителот број 26 Ник Киргиос од Австралија со истиот резултат го победи Диего Шварцман од Аргентина, додека Давид Гофин од Белгија беше најубедлив и со 3-0 (двапати по 6:1 во гемови) го совлада Хорацио Зебалос од Аргентина.

Ричард Беранкис од Литванија во вторто коло се пласира откако неговиот ривал Андеас Маурер од Австрија го предаде мечот поради повреда.

Кај жените една од носителките го заврши настапот. Флавиа Пенета (24.носител) загуби од Зарина Диас (Казакстан) со 2-1 во сетови.

Пласман во следната рунда кај тенисерките изборија и: Викторија Азаренка (Белорусија), Каролина Плишкова (Чешка), Коко Вандевеге (САД), Кирстен Флипкенс (Белгија) и Тиме Бабош (Унгарија).

Би можело да ве интересира

Надал се пласира во полуфиналето на Вимблдон

Ана Ололовска

Ривалите на Ѓоковиќ и на Федерер ги предадоа мечевите во вториот сет од првото коло на Вимблдон

Наум Локоски

Ѓорческа го заврши настапот во квалификациите на Вимблдон, елиминирана и во двојки

Наум Локоски

Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на Вимблдон

Наум Локоски

Дождот пречка за годинешниот Вимблдон

Наум Локоски

ВИДЕО: Како танцуваа Новак и Серена?

Ана Ололовска