Вимблдон 2018: Федерер почнува против Лајовиќ, Надал против Села

Од:

Денешната ждрепка во „Вимблдон“ одлучи Роџер Федерер, кој е прв носител на турнирот и ќе ја брани титулата од минатата година, да го започне настапот со дуел против Србинот Душан Лајовиќ, кој е под број 57 на светската листа.

Натпреварот на програма е в понеделник од 14 часот по локално време.

Вториот носител на Гренд слем турнирот и прв светски тенисер, Рафаел Надал, ќе игра против Дуди Села од Израел, кој е 129-ти играч на АТП ранг-листата.

Најдобриот српски тенисер и поранешен освојувач на турнирот во „Ол Ингланд клубот“, Новак Ѓоковиќ е 12-ти носител, а во првиот круг ќе игра против Американецот Тенис Сандгрен (56-ти на листа).

Енди Мареј, кој ќе настапи по речиси едногодишна пауза поради повредите, ќе игра против Беноа Пер во првиот круг.

Финалето на Вимблдон е на 15-ти јули.

Би можело да ве интересира

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Откажан Австралија опен

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг

На тенисерот Меншик му побараа антидопинг тест среде натпревар

Горан Наумовски

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Ана Ивановиќ: На тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“