„Вимблдон“: 15-годишнaтa Коко Гауф ја совлада Венус Вилијамс

Од:

Поранешната најдобра тенисерка во светот, Венус Вилијамс отпадна уште во првиот круг на „Вимблдон“. 39-годишната петкратна шампионка во Лондон загуби со 4:6, 4:6 од тинејџерска Кори Гауф која е најмладата тенисерка во историјата на „Вимблдон“ во „Опен ерата“, која се рангираше за главната шема.

Петнаесет годишната Американка забележа вкупно три брејка на средбата против само еден во корист на својата сонародничка, за да го затвори дуелот по само 81 минути игра од својата четврта можност при грешка за Вилијамс.

Во вториот круг Коко Гауф, која во наредните денови нема да посетува училиште поради учеството на Гренд-слем турнирот, ќе се соочи со Магдалена Рибарикова од Словачка, која ја победи десеттата носителка Арена Сабаленка (Белорусија) со 6:2, 6:4

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Алкараз доминантен против Ѓоковиќ, ја одбрани титулата на Вимблдон

Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон

Медведев го исфрли Синер од Вимблдон

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Трет пат ме прашуваш истото: Новак замина сред интервју на ББС

Новак Ѓоковиќ во четвртфинале: Не допирате до мене

Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло и израмни уште еден рекорд на Ферер