Вилнев: Алонсо е доста позрел и подобар возач од Фетел

Од:

Светскиот Формула 1 шампион од 1997 година Жак Вилнев мисли дека актуелниот првак Себастијан Фетел се уште има доста да учи за да созрее како возач и дека Фернандо Алонсо е доста позрел и подобар возач од него.

Според Вилнев, во битката за титулата во актуелното Формула 1 првенство помеѓу Себастијан Фетел и Фернандо Алонсо, Шпанецот е тој кој има подобри возачки способности и кој според него, повеќе ја заслужува титулата.

„Кај мене нема сомнеж дека Алонсо е најдобар возач во моментов во Формула 1 и јас поради тоа и навивам за него сезонава. Себастијан е супер брз, но разликата во однос на Фернандо се јавува во непредвидливите ситуации. Во нив Алонсо е тој кој останува смирен, рационален, додека Фетел воглавном се вознемирува, се лути, вика и го покажува својот среден прст. Тој често реагира како дете. Тоа покажува два различни типови на зрелост. Да бидам јасен, Себастијан е исто така одличен, но малку се мачи во критични ситуации. Тој делува речиси несовладливо кога води, но мора да напредува и созрее во ситуациите во кои е ранлив“ – рече Вилнев за магазинот Autosprint.

Инаку, во пресрет на последните две трки од актуелната сезона Германецот е тој кој има предност од 10 бодови и кој е во добра позиција да ја освои и својата трета титула во низа.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он