Напаѓачот на Арсенал, Вилијан може да продолжи со кариера во МЛС, објави „The Sun“.
Според британскиот весник, 32-годишниот Бразилец може да го напушти лондонскиот клуб и сака да се пресели во Интер Мајами.
Договорот на Вилијан со Арсенал трае до летото 2023 година. „Топџиите“ се подготвени да го пуштат играчот.
Оваа сезона Вилијан одигра 37 натпревари на сите турнири, постигна гол и направи седум асистенции.