Вилаш-Боаш нема намера да го напушти Тотенхем

Од:

Менаџерот на премиерлигашот Тотенхем Вилаш-Боаш изјави дека не планира да го напушти клубот и дека не размислува за трансфер и покрај пишувањата на шпанските медиуми дека тој ќе биде наследникот на Мурињо на клупата на Реал Мадрид.

– Не размислувам за работа во друг клуб. Во Лондон имам одлични услови за работа и задоволен сум од соработката со раководните луѓе на клубот. Реал Мадрид? Во моментов немам време да се занимавам со таквите шпекулации. Јас имам договор со Тотенхем и преокупиран сум со клубот да обезбедам пласман во Лигата на шампионите, истакна Андре Вилаш-Боаш.

Португалскиот стручњак по серијата успешни резултати со Тотенхем е цел на повеќе европски клубови, а во Шпанија е претставен како еден од двајцата најсериозни кандидати за тренерското место на Реал Мадрид.

Покрај Вилаш-Боаш со „кралскиот клуб“ се поврзува и тренерот на Париз-Сен Жермен, италијанскиот стратег Карло Анчелоти.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска