Викендов 40.то јубилејно издание Шарпланински куп

Од:

Под покровителство на Владата на Република Македонија,  Попова Шапка викендов ќе биде домаќин на меѓународната скијачка манифестација „Шарпланински куп“. Според организаторите патеките „Орлова“ и „Езерино“ на кои ќе се возат слаломот и велеслаломот, годинава се најдобро подготвени.

– Подготовките се при крај, патеките се на врвно ново и останува само да не послужи времето за да имаме одлична манифестација. Квалитетот од година во година расте. Тоа ќе претставува предизвик за нашите скијачи да се изборат за подобри места, истакна на денешната прес-конференција Димитар Танурков, претседател на организациониот одбор.

Шеснаесет држави со околу 50 натпреварувачи учесници најавија учество на годинашново издание. Нови земји учесници на Шарпланинскиот куп се Русија, Грузија, Унгарија, Украина, Турција и Данска, а ќе настапат и натпреварувачи од Македонија, Словенија, Франција, Австрија, Бугарија, Србија, Романија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина.

Македонскиот состав кој ќе настапи на Шарпланинскиот куп го сочинуваат шест натпреварувачи: Антонио Ристески, Дардан Дехари, Марјан Нашоку, Бесар Илјази, Гентај Куртеши и Меритон Емини. зс

Задоволство од тоа како течат подготовките искажа и директорот на натпреварите Бојан Крижај.

– Условите на патеките се одлични. Сите сме задоволни со изборот на пријавените. Меѓу нив е и младинскиот светски првак во слалом од 2007 година Матид Скубе (Словенија). Ние направивме се што е потребно натпреварувачите да имаат одлични услови, останува уште да се надеваме на добри временски услови. Тука не можеме ништо да сториме, рече прославениот словенечки скијач, Крижај.

Програмата на Шарпланинскиот куп започнува утре од 15 часот со свеченото отворање, велеслаломот е в сабота од 10 часот, а слаломот е в недела од 9 часот, а истиот ден во 14 часот е прогласувањето на победниците и свеченото затворање.

За победниците покрај медалите предвидени се и следниве награди: 3.000 евра и куче шарпланинец за победникот, 2.000 евра за второпласираниот, 1.000 евра за освојувачот на третото место.

Би можело да ве интересира

Браатен шокира со одлуката да го напушти скијањето, легендата му нуди брак за да му ја спаси кариерата

Предраг Петровиќ

Скијањето станува загрозен спорт

Предраг Петровиќ

Откажан стартот на скијачката сезона

Шифрин го собори рекордот на Стенмарк за победи во една дисциплина

Ана Ололовска

Влхова победи на слаломот во Крањска Гора

Ана Ололовска

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски