Виган испадна од Премиер лигата

Од:

Сензационалниот освојувач на ФА купот во Англија по синоќешниот пораз од Арсенал на едно коло до крајот ги загуби шансите за опстанок во Премиер лигата.

Арсенал, кој се бори за четвртото место и пласман во квалификациите од Лигата на шампионите не дозволи изненадување дома и победи со 4:1.

Головите за „топџиите“ ги постигнаа: Лукас Подолски два, Тео Волкот и Арон Ремзи по еден. Стрелец за Виган беше Шон Мелоуни.

На вториот натпревар одигран синоќа од претпоследното коло од Премиер лигата Манчестер Сити без отпуштениот менаџер Роберто Манчини го победи на гости веќе отпишаниот Рединг со 2:0.

Стрелци на головите беа Кун Агуеро и Един Џеко.

Табела: Манчестер Јунајтед 88 бодови, Манчестер Сити 78, Челзи 72, Арсенал 70, Тотенхем 69, Евертон 63, Ливерпул 58,… Сандерленд 39, Виган 35, Ридинг 28, КПР 25.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска