Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Немања Видиќ изјави дека шампионската титула во Премиер лигата е во рацете на нивниот клуб, но дека првенството се уште не е завршено.
Манчестер Јунајтед вчера го победи Ридинг со 1:0 и ја зголеми предноста на 15 поени, во однос на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Сити, кој изгуби од Евертон со 0:2.
-Освоивме само три поени, но не ги добивме лесно. Имаме 15 поени предност и не смееме да дозволиме нешто да се промени. Титулата е во наши раце, но има уште натпревари – изјави Видиќ.
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во останатите девет натпревари ги очекуваат и дерби натпреварите против Сити, Челзи и Арсенал.
Елена Георгиевска