ВИДЕО: „Златната топка“ на ФИФА за Левандовски, Меси и Роналдо останаа без трофеј

Од:

Полскиот напаѓач и член на европскиот првак Баерн Минхен, Роберт Левандовски, вечерва е прогласен за најдобар фудбалер во светот во 2020 година, во изборот на ФИФА.

Расниот напаѓач го прими своето прво признание „The Best“ на виртуелна свеченост во седиштето на ФИФА во Цирих, во жестока конкуренција со напаѓачот на Јувентус, Португалецот Кристијано Роналдо, и капитенот на Барселона, Аргентинецот Лионел Меси, кои заедно ја имаат освоено наградата вкупно 11 пати.

Германскиот стратег на клупата на Ливерпул, Јирген Клоп, ја освои наградата „Тренер на годината“, станувајќи првиот, кој признанието го освоил по вторпат, откако беше прогласен за најдобар и минатата година

Наградата за најдобар тренер во женска конкуренција ја освои селекторот на Холандија, Сарина Вигман.

Сонародникот на Клоп, Мануел Нојер од Баерн Минхен, е прогласен за најдобар голман во 2020 година, додека наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол во годината што изминува ја освои јужнокорејскиот напаѓач на премиерлигашот Тотенхем, Хјон-Мин Сон, за погодокот на мечот од ланската сезона против Барнли.

Тинејџерот на италијанскиот нисколигаш Оспедалети, Матија Ањезе, кој спаси живот на противнички играч, откако фудбалерот падна во бессознание на теренот при еден воздушен дуел, ја доби наградата за ферплеј на ФИФА.

Наградата за „Навивач на годината“ ја освои Меривалдо Франсиско Да Силва, кој за да ги гледа домашните натпревари на Ресифе пешачел за секој меч по 60-ина километри од својот дом до стадионот на омилениот клуб.

Би можело да ве интересира

ФИФА размислува за воведување „предизвици“, еве што значи тоа за играта

Новинар поднесе оставка поради Винисиус, сосема го заборавил кога гласал за Златната топка

Предраг Петровиќ

ФИФА воведува трет преоден рок

ФИФА го казни Мартинез суспензија од два натпревари поради „непристојно однесување“

ФИФА ја укина суспензијата на Партизан, „црно-белите“ можат да пријават нови играчи

Револуцијата на ВАР технологијата – се воведува правило од тенисот

Предраг Петровиќ