Новак Ѓоковиќ е познат по тоа што често сака да ја забавува публиката со своите фантастични и комични перформанси на тенискиот терен, а сега е посебно хит во својата родна Србија откако на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека пред свадбата се загрева пеејќи ја легендарната народна песна на Мирослав Илиќ, „Луцкаста си ти”.