ВИДЕО: „Трипл – дабл“ за Хорфорд во победата на Атланта

Од:

Кошаркарот на Атланта Ал Хорфорд ја одбележа 30. победа на својот тим со „трипл –дабл“ ефект, 21 поен и по 10 скокови и асистенции.

Атланта победи на гостувањето кај Филаделфија со 105:87, а нивниот тренер Мајк Буденхолцер реши да одмори дел од екипата и дуелот го играше без стартерите Пол Милсап, Џеф Тиг и ДеМаре Керол.

На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Индијана – Минесота 101:110, Вашингтон – Сан Антонио 101:93, Феникс – Кливленд 107:100, Јута – Голден Стејт 105:116, Сакраменто – Далас 104:108 (продолжение) и ЛА Лејкерс – Мајами 75:78.

Вечерва играат: Шарлот – Сан Антонио, Орландо – Хјустон, Бруклин – Мемфис, Детроит – Њу Орлеанс, Торонто – Филаделфија, Чикаго – Вашингтон, Бостон – Атланта, Денвер – Далас, Голден Стејт – Мајами и Портланд – ЛА Клиперс.

Пласман Источна конференција: Атланта 30-8 (победи-порази); Вашингтон 26-12, Торонто 25-12, Чикаго 26-13, Милвоки 20-19, Кливленд 19-20,…

Пласман Западна конференција: Голден Стејт 30-5, Портланд 30-8, Хјустон 27-11, Мемфис 26-11, Далас 27-12, ЛА Клиперс 25-13, Сан Антонио 23-16, Феникс 23-18,…

Би можело да ве интересира

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

Орце Костов

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид