ВИДЕО: Трет пораз за Голден Стејт

Од:

Екипата на Мемфис ја прекина серијата од 16 победи по ред на Голден Стејт и ноќеска пред своите навивачи славеше победа од 105:98.

Ова беше вкупно трет пораз за Голден Стејт сезонава, но и натаму оваа екипа има најдобар биланс (21-3).

Веднаш зад нив е токму тимот на Мемфис, кој има втор најдобар скор (20-4). Марк Гасол со 24 поени беше најефикасен на натпреварот.

На другите НБА дуели играни ноќеска беа постигнати следниве резултати: Вашингтон – Минесота 109:95, Бруклин – Мајами 91:95, Њу Орлеанс – Јута 119:111, Њујорк – Далас 87:107 и Сакраменто – Оклахома Сити 92:104.

Вечерва се играат десет натпревари: Шарлот – Феникс, Кливленд – Атланта, Бостон – Орландо, Детроит – Далас, Мајами – Јута, Торонто – Бруклин, Сан Антонио – Мемфис, Портланд – Милвоки, ЛА Клиперс – Индијана и Денвер – Хјустон.

Пласман Источна конференција: Торонто 19-6 (победи-порази), Вашингтон 18-6, Атланта 17-7, Чикаго 15-9, Кливленд 14-9,…

Пласман западна конференција: Голден Стејт 21-3 (победи-порази), Мемфис 20-4, Хјустон 18-5, Портланд 19-6, ЛА Клиперс 17-7,…

Би можело да ве интересира

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот

Познати се тројцата полуфиналисти на Истокот во плејофот во НБА лигата

А1он

Тренерот на Минесота опериран – незивесно дали го пропушта стартот на серијата против Денвер

Предраг Петровиќ

Филаделфија казнета поради Ембид

Поранешниот член на Лејкерс и филмски актер осуден на 90 години, „сексуалниот предатор“ конечно е во затвор

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Драма во НБА лигата: Кошаркар на Оклохома колабираше пред соиграчите