Јапонецот Камуи Кобајаши на трката во Силверстооун, за малку ќе предизвикаше трагедија проследена со човечки жртви.
Тој кога влезе во боксот за да ги промени гумите, возилото му се занесе на десната страна. Многумина од механичарите скокнаа да не бидат прегазени. Јапонецот пред конечно да успее да застане, го погоди последниот кој требаше да му ја промени предната лева гума.
Причината била истечено масло за автомобил кое го предизвика лизгањето на возилото.
Иако се ова изгледа многу опасно, според снимката никој не е потешко повреден.