Пред финалето на Купот на Србија помеѓу фудбалерите на Партизан и Младост, кое што се игра на стадионот во Сурдулица, дојде во голема тепачка на двете групи на „Гробари“, на автопатот кај наплатната рампа „Наис“.
Како што објавуваат српските медиуми, три автобуси со навивачи на Партизан дошле од Белград, а по 20 минути стигнал конвој автомобили од Белград, кој доаѓал со придржуба на полиција, кога и настанал хаосот.
Во тепачката учествувале околу 100 хулигани, кои користеле мотики и пиротехнички средства, а десетина од нив се повредени. Кога полицијата интервенираше тие се разбегаа, а според официјалните информации никој не побарал помош во болница, освен седум полесно повредени полицајци.