Несекојдневна сцена се случи на американското атлетско првенство. Главниот јунак на приказната Инфинит Такер стана хит на социјалните мрежи поради начинот на кој победи во трката на 400 метри со препреки.
Тој имаше малку предност, но започна да ја губи силата, па се одлучи на неверојатен потег „се фрли“ низ целта како пливач кој скока во вода пред почеток на трка.