ВИДЕО: Судијката ќе го тужи Ѓоковиќ за претрпен страв

Од:

Благодарение на Новак Ѓоковиќ, судијката Лoра Кларк стана планетарно позната.

Српскиот тениски ас не сакајќи ја погоди со топче во пределот на вратот во финишот на првиот сет од осмина-финалниот меч со Пабло Карењо-Буста. Поради овој потег, супервизорот на Ју-Ес опен, почитувајќи ги правилата, го дисквалификува првиот носител од турнирот.

Ѓоковиќ, свесен за грешката што ја направи, во истиот момент ѝ се извини на судијката, а наредниот ден испрати порака до своите фанови да не ја навредуваат на социјалните мрежи.

Целиот случај може да добие нова димензија откако од САД пристигнуваат информации дека Лаура Кларк планира да поднесе тужба против Ѓоковиќ.

Според сè уште непотврдени информации, Кларк ќе тужи за претрпен страв.

Би можело да ве интересира

Ѓоковиќ: Сам на себе сум си најголема закана

Уште еден рекорд на Новак Ѓоковиќ

Горан Наумовски

Пораз на Ѓоковиќ во полуфиналето во Дубаи, Медведев го реши во два сета

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Јелена му запеа на Новак Ѓоковиќ: „Откако се заљубив во тебе“

Ана Ололовска

ВИДЕО: На местото каде што го апсеа, на Ѓоковиќ му приредија нешто што ќе памети

Ана Ололовска

Ѓоковиќ по десетти пат е крал на Мелбурн

Ана Ололовска