Во првото коло од Лигата на шампионите, Баерн лесно со 2:0 победи на гостувањето кај милански Интер. Првиот гол го постигна Лерој Сане, а истиот играч е најзаслужен за вториот гол, кој му се припишува на автоголот на Данило Д’Амброзио.
Џошуа Кимих, асистентот при првиот гол, повторно беше еден од најдобрите играчи на Баерн, а оваа игра ќе остане запаметена по жестокиот конфликт со Лаутаро Мартинез. На еден дуел во 61. минута Кимих истрча по аргентинскиот напаѓач, го повлече за рамо и направи прекршок, по што почна да му вика во лице. Лаутаро се налути на тоа и почна да се кара, но соиграчите ги разделија.
— Bayern Galaxy (@BayernGaIaxy) September 7, 2022
Штом заврши играта, конфликтот продолжи. Кимих му подаде рака на Мартинез, кој уште повеќе го налути тој потег, па се обиде физички да се пресмета со германскиот играч. Повторно соиграчите мораа да ги раздвојуваат.