(ВИДЕО) Српската кралица на атлетиката ја освои планетата: Ивана Вулета е светска шампионка

Од:

Најдобрата српска атлетичарка Ивана Вулета ја освои титулата светска шампионка во скок во далечина.

Ивана славеше на Светското првенство во Будимпешта со нереален скок од 7,14 метри. Тоа е нов српски рекорд на отворено и најдобар скок во светот оваа сезона.

Српската кралица тој скок го изведе во петтата серија и со тоа само го зацврсти водството што го имаше од втората серија, кога скокна 7,05.

Ова е трет медал за Ивана на светските првенства на отворено. Таа освои две бронзени медали, во 2013 година во Москва и во 2015 година во Пекинг.

На светските првенства во сала, Ивана има две злата (Бирмингем 2018 и Белград 2022), едно сребро (Портланд 2016) и една бронза (Сопот 2014).

На Европското првенство на отворено има две злата (Амстердам 2016 и Минхен 2022), како и едно сребро (Цирих 2014).

На Европското првенство во сала има три злата (Прага 2015, Белград 2017, Глазгов 2019) и бронза (Истанбул 2023).

На Олимписките игри освои бронза во Рио во 2016 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Има 16 години и е побрз од Болт

Предраг Петровиќ

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта