Снимката од српската олимпијка во џудо Марица Перишиќ, која едвај оди по најдолгата борба досега на борилиштата во Токио, против Израелката Тимина Нелсон Леви, ја вознемири јавноста во Србија, а луѓето во коментарите на Твитер се прашуваат дали страдањето е вредно за медалите за кои се борат врвните спортисти.
21-годишната Перишиќ ја загуби осминафиналната борба во продолжението, откако по десетминутната борба судиите ѝ досудија трет прекршок. На снимката се гледа како таа едвај чекори кон нејзиниот тренер.
Jutros sam prvi put u životu pomislila – jebeš olimpijsku medalju, ako je ovo cena. pic.twitter.com/UT0dE4SUyv
— Jbmlg (@galaxy4b) July 26, 2021
Корисниците на социјалните мрежи, особено оние кои не се добро запознаени со џудото, беа посебно зачудени од количеството на физичка сила и издржливост кои се потребни за овој спорт.