ВИДЕО: Спортското витештво е сеуште присутно

Од:

Иван Фернандез имаше шанса да ја искористи невнимателноста на олимпиецот Абел Мутаи, но сепак му дозволи на противникот да триумфира.

Кениецот Мутаи, триумфираше на крос кантри трката во Памплона, но лесно можеше да ка испушти победата во последните неколку метри.

Тој имаше предност во однос на домашниот натпреварувач Иван Фернандез, но на неколку метри пред целта, тој успори мислејќи дека веќе ја има завршено трката.

Сепак домашниот натпреварувач покажа како треба да изгледа спортскиот ферплеј, тој се одлучи да успори и да му укаже на Кениецот дека се уште не ја поминал целта.

„Јас не заслужив да победам. Тој е вистинскиот победник. Мутаи направи голема предност и јас немаше да можам да го стигнам ако тој не успореше. Дури и да ми кажеа дека ако победам на трката ќе се изборам за место во шпанскиот тим за Европското првенство, јас повторно немаше да триумфирам на ваков начин”, изјави Фернандез по трката.

Би можело да ве интересира

Струга домаќин на 13. државно и меѓународно првенство „Триатлон 3Дисциплини 2024“

Срамно однесување на италијанскиот спортист: Го престигна Германецот и го понижуваше

Предраг Петровиќ

Литванецот Миколас Алекна го собори најдолгогодишниот светски рекорд во машка атлетика

Предраг Петровиќ

Почина познатата Британка Лесли Вотсон

Горан Наумовски

Шанкуле победничка на мундијалскиот маратон во Будимпешта

СП атлетика: Злато за Ворхолм, Кер, Паулино, Мун и Кенеди