ВИДЕО: Спектакл пред празните столчиња на стадионот во Токио – отворена 32. Олимпијада

Од:

Со спектакуларна церемонија одржана без гледачи на трибините, која сепак беше помалку екстравагантна од претходните две во Лондон и Пекинг, денеска во јапонската престолнина Токио свечено беа отворени 32-те летни Олимписки игри, на кои под официјалното мото „Побрзо, повисоко, посилно – Заедно“, во атмосфера на рестрикции и страв поради пандемијата, ќе настапат и осуммина македонски спортисти.

epa09360291
North Macedonia delegation parades during the Opening Ceremony of the Tokyo 2020 Olympic Games at the Olympic Stadium in Tokyo, Japan, 23 July 2021. EPA-EFE/RITCHIE B. TONGO

Церемонијата започна со огномет на Олимпискиот стадион и продолжи со оддавање почит на жртвите од пандемијата на Ковид-19, поради што Игрите беа одложени за една година, како и за жртвите на терористичкиот напад за време на Олимпијадата во Минхен во 1972 година.

Игрите за отворени ги прогласи јапонскиот цар Нурихито, повторувајќи ја со тоа улогата на својот дедо Хирохито од церемонијата на отворањето на Олимпијадата во 1964 година, која, исто така, се одржа во Токио.

Олимпиското знаме на јапонските домаќини им го предаде претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (МОК) Томас Бах, кој во обраќањето изрази „неизмерна благодарност и почит до јапонските организатори и јапонскиот народ“.

– Денеска е момент на надеж. Сè е многу поразлично од тоа што воопшто можевме и да го замислиме, но олимписките тимови од 205 држави, како и олимпискиот тим составен од бегалци се тука заедно под ист покрив, испраќајќи порака на солидарност, мир и издржливост. Тоа ни дава надеж за продолжување на оваа авантура заедно, истакна Бах во говорот на церемонијата на отворањето на Игрите.

Свеченото отворање на Игрите од трибините на стадионот во Токио го проследија само околу 1.000 официјални лица, кои единствени ја имаа привилегијата да ги поздрават над 11.300 спортисти од 206 олимписки делегации, вклучувајќи ја и осумчлената македонска експедиција, која продефилира на Олимпискиот стадион предводена од знаменосецот Дејан Георгиевски.

Македонката олимписка делегација ќе настапат во седум различни дисциплини (Арбреша Реџепи, џудо, Миа Блажевска Еминова, Филип Деркоски, пливање, Борјан Бранковски, стрелаштво, Пулксенија Јовановска, карате, Јован Стојоски, атлетика, Могамедгаџи Нуров, борење).

Олимписките игри ќе бидат затворени на 8 август.

Би можело да ве интересира

Јапонија постави рекорд во освоени златни медали на Олимпијадите

Ана Ололовска

Ѓоковиќ остана без финале во сингл на Игрите во Токио

Ана Ололовска

САД останаа без медал за прв пат од враќањето на тенисот на Олимпијадите

Ана Ололовска

Хачанов прв финалист на тенискиот олимписки турнир

Ана Ололовска

ОИ: Максимални четири победи за ракометарите на Франција

Ана Ололовска

Кина и Јапонија прво според медалите по шестиот ден на Олимпијадата

Жарко Настоски