(ВИДЕО) СП 2014: Дел Боске го избрка Фабрегас од тренинг

Од:

Напната атмосфера владее во таборот на шпанската експедиција по елиминацијата уште по групната фаза, а селекторот Висенте дел Боске од последниот тренинг го отсрани Цеск Фабрегас.

Образложението на шпанскиот селектор е дека Фабрегас морал да го напушти тренингот поради тоа што не се залагал доволно.

Играчот пак, се пожалил дека на Светското првенство неоправдано бил запоставен од Дел Боске.

– Не добив вистинска шанса на Мундијалот, иако во текот на квалификациите бев стандарден во првите единаесетмина, го коментираше Фабрегас потегот на шпанскиот селектор.

Цеск на првиот дуел со Холандија кога Шпанија загуби 1:5 влезе од клупата за резерви, а со Чиле кога беше 0:2 не доби можност да заигра. 

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска