ВИДЕО: Скандал во ЛА Лејкерс, ѕвездите се степаа на тајмаут

Од:

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис и Двајт Хауард беа многу блиску до тепачка за време на тајмаут ноќеска на натпреварот со Феникс.

До инцидентот дојде кога Дејвис почна да му дофрла нешто на Хауард, кој седеше на клупата, а потоа стана по што почнаа меѓусебно туркање. Соиграчите мораа да ги разделат двајцата кошаркари за да не дојде до поголем инцидент.

Пред пресметката веднаш по прекинот на играта, Дејвис се обиде да го привлече вниманието на Хауард, но тој го игнорираше и отиде до клупата.

Калифорнијците го доживеаја и вториот пораз во два меча на стартот од сезоната (105:115). Со оглед на атмосферата во тимот, лошиот старт на еден од фаворитите за шампионската титула, не е изненадување.

Би можело да ве интересира

Кошаркарот Ентони Дејвис останува во Лос Анџелес, за три години ќе добие 186 милиони долари

ВИДЕО: Хаос низ улиците на Лос Анџелес, навивачи на Лејкерс се судрија со полицијата

А1он

ВИДЕО: Леброн „кралски“ до финалето на Западот, Харден и Рокетс збришани

Жарко Настоски