Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс, Ентони Дејвис и Двајт Хауард беа многу блиску до тепачка за време на тајмаут ноќеска на натпреварот со Феникс.
До инцидентот дојде кога Дејвис почна да му дофрла нешто на Хауард, кој седеше на клупата, а потоа стана по што почнаа меѓусебно туркање. Соиграчите мораа да ги разделат двајцата кошаркари за да не дојде до поголем инцидент.
Anthony Davis and Dwight Howard got into it and had to be separated by their Lakers teammates ?pic.twitter.com/fyfxBtf0oO
— ClutchPoints (@ClutchPointsApp) October 23, 2021
Пред пресметката веднаш по прекинот на играта, Дејвис се обиде да го привлече вниманието на Хауард, но тој го игнорираше и отиде до клупата.
Калифорнијците го доживеаја и вториот пораз во два меча на стартот од сезоната (105:115). Со оглед на атмосферата во тимот, лошиот старт на еден од фаворитите за шампионската титула, не е изненадување.