ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Од:

Голем скандал се случи на мечот од бугарската прва лига меѓу Локомотив Пловдив и Септември Софија.

Локомотив беше поразен како домаќин во Пловдив со резултат 1:0, во рамките на 21. коло од бугарската прва лига, а на крајот од натпреварот дојде до тежок инцидент.

На еден од навивачите му се слоши и му беше потребна медицинска помош, а потоа транспорт во болница. Делегатот на натпреварот побара од друг навивач да се врати на трибините, но тоа не му се допадна.

Набрзо на теренот се спуштија повеќе навивачи и делегатот се најде во голема опасност, а по кратката расправија беше физички нападнат добивајќи два удари во главата.

Откако ситуацијата некако беше смирена со помош на домашните играчи, судиите и делегатот решија да го доиграат натпреварот до крај.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шок во Атина, Црна Гора ја победи Грција

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жестока тепачка во клиника во Приштина: Скандалозна снимка, хирурзите се скараа, па се испотепаа

26-годишен маж е претепан од неговата поранешна сопруга

Како навивачите станаа аналитичари на спорт

А1он

Жестоко белградско дерби: Провокација за навивачите на Партизан, ја запалија трибината

ВИДЕО: Тепачката во Мајами фрли сенка на импресивната серија

Предраг Петровиќ